Се бара: Гуска со стрела низ вратот

Во 1822 година, жител од Мекленбург, Германија, застрелал штрк додека летал на небото. Кога дотрчал до него за да го собере мртвото тело, се запрепастил кога видел дека штркот веќе бил погоден – со долго копје со потекло од некаде од Централна Африка. Не само што станало јасно дека овој „стрелест штрк“ е прав мадафака, туку конечно им послужил и на научниците да докажат дека птиците мигрираат над Африка.

Сега да премотаме до 2017-та. Новиот „стрелест штрк“ е гуска во Канада, прострелана со голема стрела низ вратот, а сепак жива. Шета слободно веќе месец дена некаде низ Амхерст, Њујорк, и ги збунува луѓето.

Помалку или повеќе активно, веќе сите локални се вклучени во потрагата по гуската. Сакаат да ѝ помогнат, но никој не може да ја фати, пошо гускава лета и покрај стрелата во вратот. До службите постојано пристигнуваат повици од луѓе што ќе ја забележат, но додека надлежните стигнат на локацијата, гуската е одамна избегана.

Како што заклучивте, гуската се однесува како ништо да не се случило. На видео објавено на Snapchat, се гледа како безгришно шета наоколу со други гуски, и повремено колва од тревата.

Службите се префлија на план Б. Ќе чекаат да снесе јајца; тогаш веројатно нема да сака да го напушти гнездото, па ќе можат да ја фатат и да ѝ ја извадат стрелата. Се надеваме, пред да ја застрела некој како Германецот во 1822-ра.

- Реклама -