СДСМ: Со зголеменото домашно производство на електрична енергија, се спречи драстично зголемување на цената на струјата

„Владата предводена од СДСМ, надлежните државни институции и претпријатија постојано преземаат мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата. Активирани се сите расположливи капацитети за производство на струја, со цел да се намали зависноста од скап увоз на струја. Тоа е потврдено и со официјални податоци“, порача пратеникот на СДСМ – Дарко Каевски, на денешната прес-конференција.

Според него, дневното производство на струја од домашни капацитети во јануари оваа година е 14.191 мегават час. Во октомври 2021 тоа изнесувало 13. 815 MWh а во истиот месец во 2020 година, 12.363 MWh.

„Тоа значи зголемување од 14.8 отсто на производството од октомври 2020 до јануари 2022 година“, подвлече Каевски.

Тој додаде и дека се обезбедени доволни количества на јаглен за непречена работа на двата блока на РЕК Битола, како и за ТЕЦ Осломеј. Во текот на месецов планирано е да биде пуштен во употреба и третиот блок на РЕК БИтола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино, додаде тој.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„На тој начин, сите количини на електрична енергија за месец јануари потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбедени од домашно производство. Сето тоа влијае на цената на струјата кон крајните корисници, односно со активирање на сите капацитети се спречува драстично зголемување на цената на струјата“, потенцира Каевски.

Во време на глобална енергетска криза, додаде исто така, Владата ќе го заштити и стандардот на граѓаните.

„Веќе се обезбедени 60 милиони денари со кои ќе им се помогне на околу 7.500 семејства од ранливите категории, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија, а ќе следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Државата е тука да им помогне на граѓаните, на економијата да се надминат последиците и од оваа енергетска криза“, порачаа Каевски и СДСМ.

- Реклама -