СДСМ: Заев ќе биде мандатар за состав на новата Влада која ќе ја води државата напред

„Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, ќе биде мандаторот за состав на новата Влада која ќе ја води државата напред во следните четири години“, велат од СДСМ, од каде и денеска повторуваат дека во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн четиригодишен и стабилен мандат.

„Успешните политики на СДСМ и Владата која ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори.

Граѓаните го одбраа концептот кој ја води државата напред, концептот кој ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење на нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секој.

Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани. Преку антикризни мерки со цел зачувување на работните места и оддржување на бизнисите во живот, наместо ставање клуч на врата.

Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка.

Во следните 4 години продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“, се вели во соопштението.

- Реклама -