Земјава е кандидат за членство во ЕУ и заслужува преговори. Доколку Бугарија ги блокира преговорите, како што најавува, тој чекор нема да биде ниту во духот на добрососедските односи, ниту во склоп со европските вредности, порача координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата – Јован Митрески, одговарајќи на новинарско прашање.
„За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори. Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија, ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите.
Нашиот пат е европскиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано“, истакна Митрески.