СДСМ за инцидентот со Адеми: ВМРО-ДПМНЕ создава тензии во Собранието за да не одговара за криминалот, главен иницијатор е Милошоски

„Секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии, а денеска дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка. Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш, ама секогаш, е против функционален судски систем“, велат од СДСМ по повод инцидентот во собраниската Комисија за европски прашања, во кој претседателот на комисијата – Арбер Адеми, со предмети удираше по пратеници од опозицијата.

Според СДСМ, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски, е главен иницијатор на тензиите.

„Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира Собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети. Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат“, велат од СДСМ.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

„Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата. Бадијала се прават тензии, секој што се огрешил од законот ќе одговара!“, додаваат од владејачката партија.

- Реклама -