СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, следно во општина Кисела Вода


ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот a последен е случајот во општина Кисела Вода, обвинија од владејачката СДСМ, од каде потенцираат дека тие нема да дозволат прекршување на законите.

„Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот.
После Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода.

Со непочитување на уставното име на државата во Општина Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата.

Свечените изјави каде намерно не е наведено уставното име се нелегитимни и истите не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата кои ја напуштија седницата на Советот“, реагираат од партијата.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: ЈО веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР и да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника

„СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да нѐ втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да нѐ внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“, се додава во соопштението.

- Реклама -