СДСМ тврди дека починала пациентка која претходно не била примена ниту на КАРИЛ ниту на Инфективната клиника

Опозициската партија информира дека починала пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективната клиника, а претходно била одбиена и од КАРИЛ.

„Пациентка која од утрово била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната клиника, а не била примена ниту на КАРИЛ, по што починала. Ова е скандал за кој мора да има одговорност! Итно мора да излезат директорите на КАРИЛ и Инфективна клиника и да одоговорат зошто не е примена пациентката. Каде е министерот Таравари цел ден да интервенира откако уште рано информираше СДСМ за проблемот?“,

пишува во соопштението на социјалдемократите.

СДСМ бара истрага и одговорност за смртта на пациентката. Од партијата тврдат дека имаат точен увид во целиот случај и тоа ќе го изнесат во јавноста ако Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат се обидат да ја забошотат ситуацијата.

- Реклама -