СДСМ: Сите тековни и релевантни анкети покажуваат нова победа на СДСМ на престојните локални избори

Сите актуелни и релевантни анкети покажуваат дека на престојните избори следува нов пораз на ВМРО-ДПМНЕ и нова изборна победа за коалицијата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, тврдат од СДСМ.

Тие се повикуваат на претходно објавените анкети на Брима, ИРИ, како и анкетата спроведена од Телма/МЦМС. Поголемата доверба во премиерот Зоран Заев и политиките на Владата на СДСМ ја покажа и анкетата на НДИ објавена денеска, велат од партијата.

Според нив, се работи за застарена анкета објавена од Националниот демократски институт, бидејќи е спроведена во март, а објавена денес, но сепак потврдува дека Заев има повисок рејтинг од лидерот на опозицијата Мицкоски.

Од СДСМ додаваат дека „рециклираната“ анкета, како што ја нарекуваат, доаѓа како утеха за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во март имале повисок рејтинг од СДСМ. „Кога ќе се споредат движењата на рејтинзите од повеќе релевантни анкети, јасно се гледа кои партии и коалиции граѓаните ги гледаат како победници на престојните локални избори“, категорични се од СДСМ.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури
- Реклама -