СДСМ: Продолжуваме силно на терен меѓу граѓаните, одиме од врата на врата до секој дом

„Продолжуваме силно на терен меѓу граѓаните, СДСМ го носи најдоброто за секоја општина! СДСМ, како водечка партија во државата, постојано е со граѓаните, заедно креира храбри мерки и политики што водат кон напредок“, порачуваат од партијата.

Тие соопштија дека започнува нова фаза на интензивни теренски активности, во чии рамки ќе одат од врата на врата до домовите на граѓаните. Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови, велат од партијата, ќе го посетат секој дом, со цел да разговараат за сработеното, но и да ги слушнат потребите на граѓаните и нивните сугестии.

„Партнерски, со граѓаните ја создаваме најдобрата програмска понуда на СДСМ, која ќе го подобри квалитетот на животот во секоја општина, на претстојните локални избори.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Сите предлози, коментари и барања кои ги добиваме на маалските и урбаните средби, на граѓанските трибини, веќе се анализираат и систематизираат.​ Еднаков пристап ќе заземеме и кон предлозите кои ќе стигнат преку проектот од врата до врата“, потенцираат од партијата.

„Нашата посветеност и ангажираност го носи најдоброто, подобар живот во секое населено место, концепт кој носи развој и интеграција. #НајдобротоЗаНашатаОпштина“, додаваат од СДСМ.

- Реклама -