СДСМ: Правната држава е спасена, пропадна планот на Мицкоски

„Ако навистина некој обвинител го уценувал врвот на ВМРО-ДПМНЕ како што тврдат, зошто во белиот дворец молчеле 3 и повеќе години? Ако е вистина дека биле уценувани, зошто тоа не го пријавиле веднаш? Сега ли им текна, откако е јасно дека не им успеа планот да ги минираат отворените истраги и предмети на СЈО?“, прашуваат од СДСМ, обвинувајќи ја опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека сѐ што прави е заради спас на „белиот дворец“.

Прават сѐ за да ја попречат правдата, ама неуспешно. Пропадна планот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уништување на предметите на СЈО. Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство.

Правната држава е спасена, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ, посочувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ како предизвикувач на најголемата штета на патот на Северна Македонија кон Европската унија, но и правдата.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Во меѓувреме, во обраќањето на првиот Балкански самит на претприемништво, премиерот Зоран Заев ја опиша Северна Македонија како ослободена држава. Ослободувањето на заробената држава го посочи како една од првите задачи на актуелната Влада, како прв чекор во создавањето на погодна клима за развој на бизнис:

„Стравот долго време ја парализираше оваа држава. Решивме храбро да се соочиме со предизвикувачки одлуки, за да дојдеме токму до вакви моменти – настани во кои ќе зборуваме за бизнис идеи, за предизвици да се изгради нов бизнис и да се биде успешен и истраен во таа мисија. Знаејќи дека најголем предизвик на иднината ќе биде развивањето и менаџирањето на талентот – човечкиот капитал, ние посветено работиме на зголемување на продуктивноста преку инвестирање во образование, знаење и вештини, паметна специјализација и дуално образование…“, истакна Заев во обраќањето.

- Реклама -