„Разбирлива е нервозата и очајот кај Христијан Мицкоски после третиот последователен изборен пораз што го доживеа. Но, и месец и половина од изборниот пораз, Мицкоски сѐ уште не може да се помири со тоа што граѓаните уште еднаш го казнија за неговото незрело, несериозно и неодговорно однесување“, порачуваат од СДСМ по прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на која не само што најави дека нема да поднесе оставка, туку и прогласи почеток на крајот на СДСМ.
„Губитникот Мицкоски, после секој пораз бара алиби, се заканува со протести кои потоа мора да ги откажува затоа што граѓаните одамна не му веруваат.
Колку и да му е тешко, Мицкоски мора да сфати дека граѓаните не сакаат незрели, неодговорни политичари како него, кои го штитат криминалот и работат спротивно на интересите на граѓаните. Мицкоски не успеа. Твоите назадни, незрели и антидржавни политики се поразени од граѓаните трет пат по ред.
Самиот Мицкоски јавно даваше збор дека ќе си поднесе оставка ако не успее да победи и да состави влада, затоа денеска нека не глуми прогнозер“, реагираат од СДСМ.
„Татковината продолжува напред, на чело со Зоран Заев и СДСМ, поразениот Мицкоски останува назад. Во полн четиригодишен мандат продолжуваме уште повеќе и уште подобро, заедно со граѓаните“, порачуваат од партијата.