СДСМ побара оставка од Тошковски: „Достигнавме крај на жртвите и трагедиите“

СДСМ побара итна оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, посочувајќи дека институциите задолжени за безбедност не успеале да реагираат во важни случаи на насилство и трагедии во државата. Партјата истакнува дека последната трагедија во скопската населба Карпош, во која загинаа мајка и нејзината малолетна ќерка, силно ја потресла јавноста.

„Досега колку животи треба да згаснат пред да сфатиме што значи одговорност? Колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да ја поднесе оставката? Јавноста е во тага, шокирана, но и полна со бес,“ се наведува во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, во случајот со Ивана, која подолг временски период пријавувала семејно насилство, биле поднесени 12 пријави за само две години, но институциите не реагирале навремено. СДСМ потсетува и на други случаи на насилство, вклучувајќи ги убиствата во Велес и трагедијата во Кочани, оценувајќи дека сите тие укажуваат на системски недостатоци.

Прочитајте и:  Синот на Џо Бајден: Готов сум за борба во кафез со синовите на Доналд Трамп

„Сите овие трагедии посочуваат на заеднички проблем – системот не функционира, а МВР не реагира соодветно,“ истакнуваат од партијата. Тие додаваат дека, наместо да преземе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ја префрли вината, нагласувајќи дека јавноста има право на одговори.

„Нема да молчиме. Доста е од жртви и трагедии. Одговорност мора да има. Итно оставка од Панче Тошковски,“ порачаа од СДСМ.