СДСМ: По вчерашното интервју на Сиљановска jасно е дека таа нема достоинство да биде претседателка на државата

По вчерашното интервју на Гордана Сиљановска повеќе од јасно е дека таа нема ниту капацитет, ниту достоинство да биде претседателка на дравата. По скандалозната посета на Софија, таа сега информираше дека свесно решила да се слика без знаме за наводно да не направела скандал. Свесно се сликала и свесно ја објавила фотографијата, па според ова таа свесно предизивикала понижување на државата и граѓаните.

Сиљановска одлучила да ја понижи државата и нејзините граѓаните за таму во моментот да не и биде непријатно. Фактот што нашата делегација според нејзините тврдења отишла целосно неподготвена, без никаква координација со протоколот на Радев и без знаење за тоа што е планирано од протоколарни активности, укажува на целосно отсуство на одговорност и професионализам во нејзиниот тим. Аматерски подготвена посета која однапред била осудена на фијаско.

Прочитајте и:  МАЕИ бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Во услови кога Северна Македонија има исклучително важен период и одлуки кои треба да ги донесе, ваквиот аматеризам во дипломатијата е недозволив. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директно одговорни за овој срам, заедно и на чело со Тимчи Муцунски кој исто како Силјановска, вчера немаше ниту еден конкретен одговор на ниту едно прашање при неговото гостување. Комплетна неспособност и недостојност за големи меѓународни политики демонстрира тимот на Мицкоски.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

- Реклама -