СДСМ: Освен лажните сертификати, Христовски нема ниту 5 години стаж на раководна позиција

Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува.

Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ

Станува збор за изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, од кои со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување.

Медиуми во Македонија и во Бугарија веќе покажаа дека Христовски нема ниту вистински сертификат за Англиски јазик, што е исто така законски услов кој не е исполнет.

За да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и тоа е кривично дело.

Прочитајте и:  ОЈО Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава против директорот на АНБ

Во меѓувреме се редат кривични пријави за лажни сертификати. Се дозна дека две директорки се веќе казнети за лажни сертификати од истото место каде што е сертификатот на Христовски, компанијата Јулија ЦО ЛТД.

Ова се премногу спорни моменти и незаконитости и надлежните институции нема што да чекаат туку треба веднаш да постапуваат, МВР да му поднесе кривична пријава на Христовски а Обвинителството што побрзо да го расчисти целиот случај.

Законот мора да се почитува а професионализмот на АНБ да се заштити.

СДСМ

- Реклама -