СДСМ одлучи Заев да ги одложи оставките сѐ до „нормализирање на процесите“

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките на одредено време „додека не се нормализираат процесите“, изјави претседавачот на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов по вечерашните седниците на двете тела.

„Сакам да ве информирам дека беше отворена плодна и демократска дискусија во која што членовите на ЦО, имајќи ги предвид пред сѐ случувањата во државата и моментумот во којшто се наоѓа Северна Македонија во овој период, којшто е многу клучен за процесите коишто понатаму треба да следуваат, едногласно донесе одлука претседателот и премиерот да ја одложи оставката на одредено време додека овие процеси не се нормализираат“, изјави Костадинов.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Тој информира дека на седниците на Извршниот и на Централен одбор биле разгледани актуелните случувања во земјата и во партијата.

МИА

- Реклама -