Во изминатите месеци сме сведоци на невиден неред во македонскиот јавно-здравствен систем, што е резултат на некомпетентноста на Арбен Таравари и владата предводена од ДПМНЕ.
Особено погодени од овој хаос се пациентите со онколошки заболувања, бидејќи нивното здравје и живот се ставени во сериозен ризик.
Недостигот на неопходни лекови, лошите услови во здравствените установи, долгиот период на чекање за термин и недостатокот на медицински персонал – сето ова создава невидена голгота за онколошките пациенти, без најава дека состојбата ќе се подобри.
На Клиниката за онкологија немаше лекови за биолошка терапија, а сега веќе еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер, што дополнително го усложнува процесот на дијагностика и лекување.
Луѓе од целата држава, на кои им е неопходна оваа дијагностичка процедура, остануваат без основната медицинска помош што им е потребна, а владата не презема никакви мерки за решавање на проблемот.
Министерот Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ целосно ја демонстрираат својата неспособност во управувањето со здравствениот систем, но за нивните неуспеси најголемата цена ја плаќаат токму граѓаните и пациентите.
Ова мора веднаш да биде прекинато! СДСМ инсистира на одговорност од страна на директорката Невена Маневска и министерот за здравство, Арбен Таравари.
Министерството за здравство е должно без одложување да ја стави во функција потребната медицинска апаратура. Ниту еден граѓанин не смее да биде жртва на неспособното и неодговорно владеење!




