„Политиките на СДСМ за раст на платите во сите сектори даваат реални, видливи резултати. Преку постојаниот раст на минималната плата на реални економски основи, се отвори спиралата на севкупен раст на платите Ако се анализира структурата на плати, ќе се увуди дека над 300.000 вработени во реалниот сектор денес добиваат плата повисока од 18.000 денари“, соопштуваат утрово од СДСМ.
„Просечната плата во ноември 2019 е зголемена за 5.1 отсто во однос на истиот месец 2018 година, а минималната плата денес изнесува 14.500 денари и е за 60 отсто повисока отколку во 2017 година кога изнесуваше 9.000 денари.
Покрај минималната плата, создадовме услови за раст и на останатите плати. Околу 114.000 вработени добиваат повисоки плати преку мерката за субвенционирање на придонесите од страна на државата на оние компании кои ја зголемуваат платата на своите вработени до 6.000 денари.
Со зголемувањето на платите во образованието и здравството ќе следува уште поинтензивен раст на просечната плата.
Преку чесни, одговорни политики покажавме дека вложувањето во човечкиот капитал е вистинскиот пат.
Продолжуваме со мерките што обезбедуваат раст на платите и повисок животен стандард за сите граѓани“, велат оттаму.