СДСМ: Милошоски ја саботира заедничката комисија и ги ослабува националните позиции во клучен момент

„Антонио Фејкњуз Милошоски продолжува со своето неодговорно однесување на штета на граѓаните и државата. Шпекулациите и лажните вести на Милошоски се класична саботажа на работата на експертската комисија и обид за ослабување на националните позиции во клучен момент со перфидни манипулации“, реагираат од СДСМ, откако денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на дипломатски извори во МНР, објави дека Бугарија предложила формулација според која Гоце Делчев ќе биде Македонец само географски, а Бугарин по својата етничка припадност.

„Уште еднаш се потврдува дека Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски работат против интересите на државата и против процесот на интеграција. Во период кога се очекува почеток на преговорите со ЕУ и организирање на првата меѓувладина конференција со ЕУ, Мицкоски, Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират лажен патриотизам и да се однесуваат неодговорно.

Прочитајте и:  Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

Човек кој Блаже Конески го нарече ‘џуџето од Небрегово’ нема кредибилитет и интегритет да се претставува за бранител на македонските национални интереси, напротив, Милошоски е докажан извор на лажни вести и докажан деструктивец кога се во прашање државните и национални интереси. Затоа и тој и Мицкоски три пат губат на избори и затоа уште долго остануваат во опозиција“, порачуваат од СДСМ.

- Реклама -