СДСМ: Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување на платите на функционерите

СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување на платите на функционерите

Мицкоски од време на опозиција не го познава Мицкоски од власта.

Во интервју за Сител Телевизија на 17.08.2023 година, Мицкоски ќе вети пред граѓаните дека ќе ги ревидира и ќе ги намали платите на фунционерите доколку граѓаните му ја дадат довербата, за што ќе предложат и конкретен закон.

Еве Мицкоски е премиер, поминаа 4 месеци како ја предводи Владата, нема ниту збор за ветеното намалување и ревизија на платите на функционерите.

СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување и ревизија на платите на функционерите.

СДСМ

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците
- Реклама -