СДСМ: Кога вели „мафија“, Јанушев веројатно мисли на себе и на ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ не можат да помират со тоа што граѓаните веќе не им веруваат на нивните лаги и лицемерие и затоа упорно продолжуваат со деструктивното и неодговорно дејствување“, реагираат од СДСМ откако денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев, најави дека утре повторно ќе протестираат пред РКЕ, овојпат со блокирање улици во работно време.

„Ниедна лажна вест, ниеден таканаречен протест не го сокрива фактот дека токму ВМРО-ДПМНЕ ја поскапи струјата за 100 отсто, ниту фактот дека ВМРО-ДПМНЕ всушност се финансирала од поскапата струја што ја плаќаа граѓаните и стопанството.

Поранешен директор на АД ЕЛЕМ во судско сведочење јавно кажа како носел пратки кај тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и како Божиновски му се јавувал да ургира компании кои добиле тендери од тогашното АД ЕЛЕМ, да ѝ помогнат на партијата ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Според нив, разоткриените лаги на ВМРО-ДПМНЕ се причината зошто граѓаните ги казнуваат на три последователни избори и не им се приклучуваат на, како што велат, лицемерните протести на губитникот Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен да брани криминал и да шири лажни вести. И самиот Игор Јанушев за кој има предмет за злоупотреба на службена положба каде се сомнева дека го оштетил буџетот за 5 милиони евра, очигледно кога вели мафија мисли на себе и ВМРО-ДПМНЕ.

Правда ќе има за секој, тоа е најголемиот страв на Јанушев и ова деструктивно ВМРО-ДПМНЕ на поразениот Мицкоски“, порачуваат од владејачката партија.

- Реклама -