СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нов Иванов

„Кој заедно со Христијан Мицкоски ќе застане против ЕУ и НАТО, против иднината и напредокот на Македонија јавноста брзо ќе дознае. Она што е очигледно е дека конкурсот за избор на таков кандидат е една обична фарса на антизападната ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски лично го бира неговиот фаворит“, велат од СДСМ. Според нив, кој и да биде кандидатот на Мицкоски, треба уште од сега да се подготви за пораз на претстојните избори.

„Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, нема да дозволат нова антизападна марионета на Мицкоски и Груевски“, се вели во соопштението од СДСМ.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, оценуваат, е со единствена цел за Мицкоски да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која, како што велат од СДСМ, очигледно не го поддржува во неговите погубни политики.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Тоа се докажа и преку неуспешната интерпелација за министерот за надворешни работи којашто едвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа.

Кога ќе има парламентарни избори не зависи од расположението во скапоцениот дворец, туку од интересите на државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се спремаат за пораз на претседателските избори, нека се спремат за пораз и на парламентарните избори, кога и да се одржат.

Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато“, стои во соопштението.

- Реклама -