СДСМ го избра новото раководство на партијата

На првата седница на новоизбраниот Централен одбор на Социјалдемократскиот сојуз, партијата го избра своето ново раководство, поставувајќи ја основата за нова визија и енергија. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги претстави носителите на клучните функции и новата насока во делувањето на партијата.

За генерален секретар е назначен Александар Димитријевиќ, додека за потпретседатели на партијата се избрани: Каја Шукова, поранешна министерка за животна средина, Ана Чупевска, професорка од Правниот факултет во Скопје, Методија Илиевски, член на Советот на општина Битола, Кристина Костова, член на Централниот одбор од Штип.
Организациските секретари, Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Пармаковски од Општинската организација Центар, дополнуваат тим кој, според Филипче, има силен личен интегритет, знаење и искуство потребно за справување со предизвиците.
„Консолидацијата не само што е започната, туку и се одвива успешно. Се избраа луѓе кои со својата енергија и визија ќе го водат СДСМ напред. Веќе имаме подготвен план за работа што ќе започне утре, со посети на општинските организации и интензивна комуникација со членството,“ изјави Филипче.
Новиот тим ќе се фокусира на инклузивност и подобрување на врските со граѓаните, со цел да ја врати довербата кај симпатизерите и сите оние кои се двоумат во својата поддршка.

Извор