СДСМ: Гаши да одговара затоа што надвор од своите надлежности го испратил обезбедувањето на аеродромот

Откако не успеаја да го скријат скандалот со пиштолџијата на Гаши во страв дека ќе се дознае целата работа, МВР го потврди скандалот за кој со денови предупредуваше СДСМ. Но ВМРО-ДПМНЕ очигледно сака да удри само по самарот, а да молчи пред нарачателот.

За целата оваа состојба има одговорност и коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши кој мора да одговара затоа што надвор од своите надлежности го испратил обезбедувањето на аеродромот кое се заканувало.

Го повикуваме Обвинителството во целост да ја спроведе истрагата и да лоцира одговорност кај Гаши кој не смеел да отстапува од своите надлежности. Само со целосна истрага и одговорност на сите вклучени ќе може граѓаните да веруваат дека не се штитат политичарите од власта.

Прочитајте и:  Николоски: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

- Реклама -