СДСМ: Филипче има пријавено се во својот анкетен лист, нема што да крие

СДСМ преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева нагласувајќи дека лидерот на СДСМ Венко Филипче има се пријавено во својот анкетен лист и нема што да крие од јавноста.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да може со стари истрошени лаги да ги прикрива катастрофалните политики и скандалите кои секојдневно ја тресат Владата на Мицкоски. Тоа што од белиот дворец ја праќаат Митева да зборува за некоја фирма која никогаш не била активна и нема никакви трансакции, кажува колку е очајна оваа пропаганда на лаги од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата.

Како што наведуваат од СДСМ во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ креира невистини и очајно се обидува да го оцрни претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

– Граѓаните многу добро ја препознаваат манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и стравот од претседателот Венко Филипче. Веќе е широко распространетото мислењето дека оваа влада на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето. Дополнително, им препорачуваме на Митева и Мицкоски, да замолчат на оваа тема затоа што на крајот наместо да напаѓаат ќе треба да се бранат. Како што љубеше да каже нивниот почесен претседател, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезена виделина, стои во реакцијата од СДСМ.

- Реклама -