СДСМ: Денеска започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција со ДУИ

Викендов, на ниво на генерални секретари, продолжуваат интензивните консултации за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ, соопштуваат од СДСМ.

По утврдувањето на коалициски принципи и определби, велат, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

Исто така, додаваат и дека денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за, како што велат, соодветни, подготвени, чесни и способни кадри, кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат.

За какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, јавноста ќе биде веднаш известена, додаваат од СДСМ, потенцирајќи дека единствени точни информации се оние добиени од официјалните лица на партиите вклучени во преговорите.

- Реклама -