СДСМ: Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата

„Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот“, реагираат од СДСМ по денешниот научен собир во организација на МАНУ, на кој се обратија поранешните претседатели на државата – Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов, силно критикувајќи ги состојбите.

Според СДСМ, јавноста денеска сведочела пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата.

„Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик“, категорични се од владејачката партија.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Македонската држава живее и ќе живее и нема да умиpa на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред сѐ заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца.

Граѓаните со својот глас и порано, и денес и во иднина прецизно го покажуваат патот по кој се развива Северна Македонија“, се вели во реакцијата.

- Реклама -