СДС и ДУИ да кажат кој од нивниот врв зема од 14-те милиони евра долг кој му го отпишаа на синот на Муса Џафери и неколку други фирми.
14 милиони евра долг отпиша претходното раководство на МЕПСО.
14 милиони евра долг беше отпишан зошто должник е синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДС и ДУИ.
Државата не отпишала долг од 14 милиони евра на никого освен на блиските фирми на СДС и ДУИ кои увезуваа струја.
Следен пат кога СДС ќе зборуваат за долгот на фирмата каде министерката Сања Божиновска била содружник, кој не е отпишан, како тој на синот на Муса Џафери и други ним блиски нека хо прашаат Филипче како брат му се стекна со фотоволтаична централа и со кого ја изградил? Нека прашаат и кај Ковачевски како со одлука на влада даваше земјиште на сопругата да гради фотоволтаици, нека видат и кај Ахмети.
Не знаеме дали СДС имаат малку срам за своите постапки, но знаеме дека ќе одговараат, а тоа го знаат и тие, и затоа стравот е голем.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ