„СДК“: Кривичниот суд го спаси Груевски, му застарува делото за кинеските автопати

Судењето за кинеските автопати, односно случајот „Траекторија“, е единствениот судски процес од кој до денес нема фотографија, и покрај тоа што сите новинари имаат одобрение за снимање од Врховниот суд. И тоа не е случајно, пишува порталот „САКАМДАКАЖАМ.мк“, кој со своето присуство на секое од судењата за овој случај одблизу ги следеше настаните.

Исходот е дека на Никола Груевски му застарува кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, за кое казната е до 3 години затвор, а за тоа директно е заслужен Основниот суд Скопје 1, кој ги впрегнал сите расположливи сили за да го саботира почетокот на судењето за „Траекторија“, пишува порталот.

Оттаму, „СДК“ направи мала рекапитулација на судењето и ги сумираше клучните моменти што доведоа до тоа цели 9 месеци да се одолговлекува почетокот на судењето. Како на пример, блокадите што ги дозволувал судијата, а поради кои обвинителката Лиле Стефанова воведните зборови ги дала дури на 1 март, иако обвинението било поднесено на 30 јуни 2017-та.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Тактиката на Груевски уште еднаш заврши со успех, но на неговите соработници делата им застаруваат дури во 2023 година, заклучува „САКАМДАКАЖАМ“. Како изгледале обидите за блокирање на обвинението на секој можен начин, прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -