Се знае дека девојките отсекогаш барале дечковци со барем малку брада. Меѓутоа во овие метросексуални времиња барањата се надополнети со уште два услови: стил и одржување.
Се знае дека девојките отсекогаш барале дечковци со барем малку брада.
Меѓутоа во овие метросексуални времиња барањата се надополнети со уште
два услови: стил и одржување.
Доколку отсекогаш сте се прашувале како би ви стоела брадата на Крег
Дејвид или Фу Манчу, а немате време да ја растете само за
експериментирање, тогаш ова e за вас.
Се разбира апликацијата функционира и за љубопитните од „понесоодветниот“ пол.
Schick Manscaping развија извонредна флеш апликација во која може да испробате најразлични стилови на бради, без засрамувачките ефекти кои би произлегле од вистинско испробување.
На располагање стојат голем број предефинирани стилови, а корисниците може да си креираат и сопствени. Уште повеќе, резултатот се прикажува во 3Д!
Сè што ви треба е ваша фотографија, во која гледате директно во фотоапаратот. Откако ќе ја прикачите и позиционирате во апликацијата, ќе може да ги менувате стиловите и да уживате во резултатите.
Апликацијата се наоѓа на оваа адреса.