Украинските власти објавија дека спречиле обид за државен удар, група се обидела да организира „провокации“ во Киев вчера, кога земјата го одбележува Денот на Уставот, објавија денеска разузнавачката служба и обвинителите на СБУ.
Плановите вклучуваа окупација на парламентот за време на демонстрации и формирање на „привремена влада“, се вели во извештајот.
-Во тек е истрага против четворица мажи, од кои двајца се во притвор. Во рациите беа пронајдени оружје и муниција, се вели во извештајот.
Осомничените може да се соочат со казна затвор до 10 години доколку бидат прогласени за виновни. Истрагата ја водат властите во Ивано-Франковск на западот на земјата.
Прогласена е безбедносна зона околу владиниот кварт во Киев, каде што е ограничен пристапот и правото на демонстрации.
Властите редовно известуваат дека се уапсени доушници и поддржувачи на Русија.