Од објавувањето на снимката и јавното „признание“ на пратеникот Павле Богоевски, тој не престанува да е главна тема во медиумите и на друштвените мрежи. Меѓу низата реакции во насока на негова оставка се огласи и Здравко Савески – професор, активист и член на „Левица“. Сепак, неговиот став е малку поразличен, од аспект на тоа што, според него, Богоевски требал да поднесе оставка и многу пред „cкандалот“, од сосема други причини.
„Павле Богоевски треба да поднесе оставка. Фактички, веќе одамна требаше да поднесе оставка. Сето она за што се бореше во Шарената т.н. револуција, сè заборави кога седна на фотелјата. Штом немаше волја или храброст ‘од внатре’ да се спротивстави, единствената друга опција е поднесувањето оставка. Сè друго – е само голо фотелјаштво“, порачува Савески.
Според него, од истите причини оставка треба да поднесат и останатите „т.н. независни пратеници во коалицијата на СДСМ“. Меѓутоа, Савески не е убеден дека доблеста ќе ја победи „љубовта кон фотелјата, парите и привилегиите“.