Пишува Здравко Савески за „Независен“
Датумот. Датумот. ДАТУМОТ! Во исчекување сме дали ќе го добиеме тој светол, па и свет Датум кој наводно ширум ќе ни ја отвори вратата – кон благосостојбата на Западот, која ние, наводно, ја заслужуваме. Дали ќе ни упали среќата? Зашто, нели, ние нашето го сработивме. Секој ЕУ дипломат тоа куртоазно ни го соопштува. Па мора да е така и никако поинаку.
Власта се надева на Датумот. Либералната „елита“ професори и невладини активисти се надева на Датумот. Целиот народ се надева на Датумот. Ајде, Европо, пушти срце! Ние парче од Европа сме, од вистината не бегајте! – како што своевремено преку песна порача Тоше Проески.
Јасно е зошто власта се надева на добивањето датум за почеток на преговорите. Таа ќе си го припише тоа како своја заслуга, како непобитен доказ дека добро владее. И покрај корупциските скандали што непрекинато ја тресат. И покрај тоа што нејзиното владеење е исто како она на Груевски и што нејзините полтрони, ако некој друг вака владееше, ниту за момент нема да се двоумеа да го етикетираат тоа како „режим“. Со милоста добиена од горе, власта на Заев постојано ќе мавта убедувајќи ги граѓаните дека она што тие го гледаат со своите очи е неточно и дека Европејците подобро знаат од нив во каква земја живеат.
Трагикомично е зошто либералната интелектуална „елита“ се надева на добивањето датум. Тие силни поборници за демократија премногу си поверуваа на сопствената пропаганда дека ќе настане коперникански пресврт ако наместо Груевски на фотелјата седне Заев… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.