Од неодамна, на жените во Саудиска Арабија за прв пат во историјата им беше дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари – во ограничени простори, со придружба од мажи, ама сепак… Дополнително, жените ќе добијат и место за клањање во текот на натпреварите.
На стадионот во крајбрежниот град Џедa, на мечот меѓу „Al Ahlija“ и „Al Batina“, прв пат се појавија женски навивачи. Претходно владината Спортска управа нареди на стадионот да се изведат сериозни градежни работи, сé со цел да може да го користат и жени.
Наскоро жените ќе можат да присуствуваат и на натпревари на стадионите во Ријад И Дамам. Останатите стадиони во земјата и натаму ќе бидат наменети исклучиво за мажи.
Фудбалот е доста популарен во Саудиска Арабија, но досега жените можеа да ги следат омилените тимови само на телевизија.
Принцезата Рима бин Бандар – член на кралското семејство и шеф на саудиската Федерација за спортови, на Твитер го прогласи ова за „историски момент за Кралството“.
Жените кои отидоа на натпреварот ги затрупаа друштвените мрежи со фотографии од стадионот. Но, можеби не им е прв пат, како што делува. Интересна е изјавата на Маје Махди – навивачка на Џеда, која отворено си кажа дека веќе нема да мора да се маскира во маж за да се прошверцува на утакмица.