Саудиски блогер ја освои наградата „Сахаров“

Блогерот Раиф Бадави беше избран денеска од страна на Европскиот парламент како овогодинешен добитник на Наградата за слобода на мислата “Сахаров”.

Бадави бил осуден на 10 години затвор и 1.000 удари со камшик во Саудиска Арабија за навреда на исламските вредности.

sahrov

За наградата беа номинирани исто рускиот опозиционер Борис Немцов – убиен во центарот на Москва на 27 февруари, како и демократската опозиција во Венецуела, која се спротивставила на реизборот на претседателот Хуго Чавез во 2008 година.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц упати порака до кралот на Саудиска Арабија да го помилува веднаш Бадави, за да може блогерот лично да си ја добие наградата.

Церемонијата на доделување на наградата ќе се одржи во Стразбур на 16 декември, соопштија од прес-службата на ЕП.

- Реклама -