Саудиска Арабија ќе создава градови само за жени

Саудиска Арабија е домот на Мека и Медина и место каде што исламските закони се многу строги.

И во модерното време е невозможно за жените да добијат било каква слобода без да се судрат со строгите религиозни закони за сегрегација. Но Саудиска Арабија има план кој потсетува на неколку дистописки приказни. Државата ќе создаде неколку индустриски „женски градови“ во кои ќе живеат само жени кои ќе можат да работат, да одат во продавница и да живеат малку послободно.

Владата сака да ја искомбинира женската желба за работење во модерното време обезбедувајќи работна средина која ќе се придржува до строгиот религиозен закон. Саудиската Власт за Индустриска Сопственост (Modon) ја добила задачата за создавање на новите градови.

Амбициозниот град во моментов е во дизајн фазата а изградбата ќе започне идната година. Градот Хафуф треба да привлече околу 133 милиони долари во инвестиции, создавајќи 5000 работни места во текстилната, фармацевтската и прехранбената индустрија.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Саудискиот религиозен закон на им дозволува на жените да работат бидејќи тоа би значело занемарување на обврските во домот, но во реалноста околу 15 проценти од жените работат. „Сигурен сум дека жените можат да ја покажат својата ефикасност во многу аспекти и да помогнат во разјаснување на индустриите кои одговараат на нивните интереси, природа и способности“ изјавил заменик директорот на Modon, Салех Ал-Рашид.

Ова лето жените започнале да ги заменуваат продавачите во продавниците за парфеми и козметика, само половина година по заменување на машкиот персонал во продавниците за долна облека. [Saudi Arabia’s women-only cities are no blueprint for liberation]

- Реклама -