Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево
Сатирична комедија „Бардо Тодор“, изготвена во продукција на „Нова клапа“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, ќе се одигра во НУЦК “Кочо Рацин“ Кичево на 13-ти ноември со почеток во 19:30 часот. Влез: слободен.

Претставата премиерно се играше во јуни во Битола и во битолските општини кои се непосредно до РЕК-Битола, Могила и Новаци.

Автор на едночинката е Сашо Кокаланов, а режисер – Сашо Миленковски.

Кокланов за претставата вели дека „Бардо Тодор“ е црна сатира која зборува за страшните последици по животот на луѓето кои живеат како први соседи на една термоцентрала со коп на јаглен, приклештени во противречноста – убиецот да им е и главен работодавец.

Идејата беше да се направи драмска нарација во која, паралелно, преку современи ликови и преку нивно карикирање во духот на антологиските ликови од народните преданија, ќе се зборува за апсурдноста на прифаќањето на реалноста да се живее во близина на масовен убиец само затоа што тој убиец обезбедува некаква егзистенција. Притоа, ќе се обидеме да испратиме некои пораки за потребата од праведна транзиција – убиецот да е затвори, но притоа крајот да не се опустоши, наведува авторот за претставата Кокланов.

Од Центарот „Еко-свест“ нагласуваат дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија на јаглен, што носи страшни последици врз здравјето на луѓето.

Нашата главна цел е да ја заштитиме природата и да е спротивставиме на се она што и штети, вклучително и на штетните влијанија врз здравјето на луѓето. Затоа целосно поддржуваме ваков вид на проекти и секојдневно гласно говориме чекорите кои треба да се преземат со цел да се промени моменталната состојба“, потенцираат од „Еко-свест“ надевајќи се дека пораката што ја испраќа претставата ќе допре до најзагрозените граѓани, оние кои се директно жртви на загадувањето.

- Реклама -