Сашо Тасевски му стана од интервју на Васко Ефтов (видео)

Вчерашната емисија „Во центар“ на Васко Ефтов помина во знакот на поезијата. Гостин беше актерот Сашо Тасевски – моментално директор на Драмски театар.

Ефтов беше упорен во обвинувањата дека Тасевски има двојни стандарди во врска со изборот на Талат Џафери од ДУИ за претседател на македонското Собрание. После низа цитирани Фејсбук статуси и песни во авторство на Тасевски напишани во 2013-та по повод поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, работата стивна. Стивна не затоа што се намали тензијата, туку буквално – Тасевски, во знак на протест, не изусти веќе ни збор (исто како Талат едно време во парламентот), освен дека не ја гледа поентата интервјуто да продолжи.

„Ете колку сте биле инспираран од Талат Џафери. Сега не сте инспириран. Некој ви имаше ветено функција. Затоа молчевте. Тука е проблемот. Тоа се двојните принципи и стандарди“ – заклучи Ефтов, по што Тасевски го извади микрофонот и по кратка рунда „кој прв ќе трепне“ стана и си замина од интервјуто.

 

Повелете и целата емисија:

 

- Реклама -