Да скандираш: Северна, Северна! На Мечкин Камен! На ден Илинден! Кога се во силен јуриш бугарските врховисти против сѐ што е македонско! Тоа не те прави обична стока. Туку малоумна. Браво, напиша актерот Сашо Тасевски.
Реакцијата на Тасевски доаѓа откако во петокот во медиумите и на социјалните мрежи се појави видео-материјал од централната прослава на Илинден на Мечкин Камен крај Крушево, на кој се гледа како група лица со обележја на владејачката партија СДСМ скандираат „Северна, Северна!“, алудирајќи на промена на уставното име на Република Македонија, сторено од владата на социјалдемократите.
Потоа, владините пиар советници наведува дека станува збор за „лажна вест“, но порталот Инфомакс, кој ги има снимките, најави тужба против Владата за клевета, поради ваквите тврдења на нејините „експерти“.
https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/361737874741990/
Срамота и забегување: Членството на СДСМ скандира “Северна, Северна” на Мечкин Камен каде загинале стотици Илинденци pic.twitter.com/9KpQ9wXzDg
— Reagan (@US_Reagan) August 2, 2019