Сашо Мијалков си оди дома, Апелација му го укина притворот

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Титаник 2“, денеска делумно ги уважил жалбите на обвинетите Б.И., С.М. и А.С., соопштија од Апелација. Со тоа Сашо Мијалков набрзо излегува од затворот во Шутка и заминува на домашен притвор.

„По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетиот Б. И. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, односно до започнување со издржување на казната.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетиот С. М. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетата А. С. определи мерка на претпазливост – Обврска на обвинетата да се јавува повремено во Основен суд Битола секој работен вторник, со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година.

Жалбите на обвинетите В. С. и С. С., се одбиваат како неосновани“, објави Апелација.

- Реклама -