Новинарот… Саше Ивановски, познат како Саше Политико, ја откри причината зошто во Грција им ги кршат колите на туристите од Македонија.
Според него, тоа е некојси битолчанец по име Горан, кој, цитираме, „во облека на Македонската фаланга со антички шлем на глава и мач во рака“ го веел знамето од Кутлеш на грчките плажи.
Како што пишува Саше на својот портал „Мактел“, ова во продолжение се фотографии од видеото кое битолчанецот го објавил на друштвените мрежи и со кое се прославил не само во Битола, туку и пошироко. Во видеото, објаснува Ивановски, битолчанецот шета по плажите како антички Македонец, а исто така облечен купува и тазе крофни на самата плажа. „Поради вакви будали ни ги кршат колите во Грција“, констатира Ивановски.