Саше Политико е разочаран, поразен и изневерен

Колумна преземена од Мактел

Каков траорен ден е оваа среда. Да, правдата, системот, државата победија и се на прав пат, но јавноста доживеа тежок удар во стомак.

Надежот, вервата во луѓето денеска беа поразени и згазени.

Да се бориш против една мафија и еден режим и после танталови маки да се роди една институција и да ја имаш таа чест да ја водиш таа инстотуција, да водиш едно обвинителство кое конечно ќе донесеше ред во земјава и ќе значеше коначен пораз на мафијата и на крај да се продадеш за еден еб*н тросед, двосед и фотеља, па је*еш му матер значи…

Немам зборови колку сум шокиран денеска и колку се чувствувам поразен и изневерен.

Во исто време среќен сум и смирен што државата смогна сили ресурси механизми да се соочи со оваа афера и да ја расчисти, но чувството е многу горчливо.

Зарем нема луѓе на кои може да им веруваме по секоја цена до крај?!?!

Зарем секој човек е поткуплив?!

Зарем секој човек си има точка на томење?!

Одбивам да мислам така, одбивам да се согласам со тоа, не сакам да живеам во таков свет.

Ќе продолжам да акам како наивна будала и да делувам со идеи и верба која можеби е дури и утопија дека во светот има добри но и лоши дечки и дека јас секогаш ќе се борам на страната на добрите дечки.

Одбивам да верувам дека сите се исти и дека нема херои во приказната, тоа е е*eно досадно и грозно сценарио, не сакам да живеам во таков живот.

Катрица за мене ќе биде само еден исклучок од правилото, исклучок кој е тука да не држи будни но не и да не разочара и фрли во депресија и меланхолија и апатија.

НЕ, ТОА НИКАКО НЕ!!!

Мактел

- Реклама -