Сара Џесика Паркер за кинескиот „Harper’s Bazaаr“

20130215-sjp-post

Ѕвездата од „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер во последно време поретко ги радува своите фанови со фотосесии и појавување во американските магазини, дури и ја одби понудата за улога во „Дневникот на Кери“. А како никоја друга е икона над која со задоволство би поекспериментирале светски познатите дизајнери и стилисти.

Конечно, Паркер се појави на насловната на кинескиот „Harper’s Bazaar“.

Актерката позира во креации од Christian Dior, Alexander McQueen и Jason Wu. Раскошот од фотосесијата како и големата метропола зад огромните стаклени прозорци – сето тоа не навраќа во сцените од легендарната серија „Сексот и градот“.

- Реклама -