Сапиосексуалци – претенциозни глупаци што сакаат секс „само со паметни“

ljudi-koji-zele-da-se-kresnu-samo-sa-pametnima-su-izmislili-novu-seksualnu-1481118886-crop_desktop[1]

Во ноември 2014-та, дејтинг сајтот OKCupid ја прошири својата листа со понудени сексуални ориентации, додавајќи „андроген“ (двополов), „асексуален“ (што не сака секс), „се преиспитувам“ (неодлучен) и квир (проверете си во ЛГБТ речников). Покрај овие, сајтот храбро исфрли уште една речиси непозната ориентација: сапиосексуален.

Да појасниме, сапиосексуалец е некој кому интелигенцијата на другиот му е најважна сексуална особина. Тоа е личност што ја цитира Силвија Плат во кревет, или расправа за микроекономија на прв дејт. Терминот наводно е измислен од корисникот на сајтот LiveJournal – wolfieboy, „додека летото 1998 се враќал со кола од Сан Франциско, и возел значително ненаспан“. Како и да е, од првото појавување на терминот на OKCupid, сапиосексуалец како идентитет набрзо стана мејнстрим. До толку мејнстрим, што минатиот месец речникот Меријам-Вебстер објави дека се води дебата дали терминот да се вклучи во новото издание на речникот. Во меѓувреме се појави и нова дејтинг апликација – Sapio, која ти овозможува да ти се тргнат од патот сите што не знаат да го изрецитираат Сартр по наредба, на пример.

Како и да е, терминот се роди. На OKCupid ќе најдете најмалку 9.000 корисници што се идентификуваат како сапиосексуални. За Твитер па да не зборуваме. Новонастанатиот сексуален „идентитет“ има и своја страница на Фејсбук, како и купишта фотографии на Tumbler – на кои е поврзано интелектуалното и сексуалното задоволство. На една од фотографиите со хаштаг „сапиосексуален“, на пример, има претставено фингеринг на мозок. На друга слична фотографија ќе најдете човек што чита книга на задникот на партнерката, додека имаат секс во доги-стајл поза. Обично ваквите слики се пропратени со фрази како:

„Преубаво е кога ќе најдеш некој што сака да ја соблече твојата свест и да те натера да ги засакаш своите мисли“.

tumblr_nb948h6WBU1rxpv4co1_500[1]

Лора Адер – професорка по еволуциона психологија на колеџот во Лион, смета дека мажите и жените отсекогаш мечтаеле за интелигенција кај своите партнери, било да се изјаснувале како сапиосексуалци или не.

„Кога зборуваме за идентификација на особините кои ги перцепираме како ‘потребни’ при барањето партнер за долги стази, мажите и жените од различните (сексуални) ориентации сакаат интелигенцијата и добрината на таа личност да бидат над некои сексуални привлечни атрибути како што е физичкиот изглед“, вели Лора.

Ова важи и за другите живи суштества, иако кај животните „интелигенцијата“ или „когнитивните способности“ се мерат „морфолошки“.

„Еве на пример, мажјак гавран; тој бира како ќе го украси своето гнездо и бира ретки предмети за да ги привлече пребирливите женки“, вели Адер. „Оваа способност да бира како ќе го украси гнездото и како ќе се разликува од останатите, може да се тумачи како одреден вид на когнитивна способност“.

Лора смета дека порастот на сапиосексуалноста исто така може да се објасни и со тенката линија меѓу штереберското/нердовското/бубаличарството од мејнстримот. Поточно,

„Тоа што некогаш се сметаше за интерес стереотипно наменет претежно за повлечените луѓе, интелектуалците, бубалиците – како стрипови, филмови, научна фантастика, Game of Thrones – денес се главни карактеристики на американската култура на 21-от век“, појаснува Адер.

Сепак, терминот предизвика одредени реакции, особено кај тие кои го доживуваат како вид на дискриминација на потенцијалните партнери врз основа на нивната способност и класа. Во квизот на Buzzfeed со наслов „Дали си сапиосексуален“, на пример, има конкретно прашање: „Дали некогаш кај некоја личност те одбило тоа што таа немала факултет или амбиција за понатамошно образование?“. Преку ова прашање, сосема очигледно се нормализира дискриминацијата на тие што немаат диплома или конкретни академски намери. Критиката се повикува на фактот дека интелигенцијата доаѓа во разни облици, и да дискриминираш некого затоа што не потрошил четири години таложејќи долгови (за да плаќа школување) – не е ни сексуална ориентација, ни сексуален идентитет; тоа е ограничена особина која бара преиспитување.

Пристрасноста, од друга страна, не мора да биде кодифицирана со термини (особено од овој вид), бидејќи е вродена. Интелигенцијата е квалитет кој „им помогнал на нашите претци во креирањето на друштвени врски и сојузи, да обезбедат храна, засолниште и дом, како и способност да користат алатки за решавање на одредени проблеми во опкружувањето“, потсетува Адер. Денес на тоа гледаме исто, повторно во смисла на добивање на краткорочна или долгорочна корист, или генетски „поквалитетно“ потомство.

Со оглед на тоа што оваа склоност е природна, измислување на нови сексуални ориентации што се однесуваат на основни квалитети како интелигенцијата – е тотално беспотребно. И затоа, многу често тие што така се изјаснуваат се сметани за претенциозни глупаци.

Стивен Блум, за Vice

- Реклама -