Сандра Африка откри кој ѝ подарил БМВ и стан во Монте Карло!

Откако предизвика голема драма во Крапина поради својот концерт, српската фолк пејачка се најде себеси во непријатна ситуација каде на даночниците морала да им го објасни своето богатство.
Популарната Сандра Африка меѓу првите доби повик од даночните власти во Белград. Таму морала да го оправда и објасни својот имот. Откога предизвика вистинска драма околу оддржување на концертот во Крапина, сега повторно привлекува внимание со својата изјава за изворот на богатството.

Поточно, Сандра изјавила дека не пее само за пари, туку доаѓа и на покана на своите колеги. Српските медиуми пишуваат и дека предизвикала потсмев откога изјавила дека скапото БМВ го добила на подарок од својата баба.

„Мојата баба и дедо живеат веќе 40 години во Германија и не гледам во што е проблемот што ми купиле автомобил и ми оставија стан во Монте Карло“, пишува Alo.rs.

Screenshot_2

- Реклама -