Sandia Hand – роботската рака на иднината (видео)

Истражувачи на Darpa од Сандиа Националната Лабораторија развиле роботска рака – Sandia Hand – составена од модуларни компоненти кои можат да бидат фабрикувани за мала цена.

Овие раце биле создадени примарно за потребите на американската војска која планира да ги користи за разоружување на импровизирани експлозивни направи, но до сега слични раце чинеле околу 250.000 долари.

{youtube}gDFBbCmlKHg{/youtube}

За роботски раце да бидат ефективно распростанети помеѓу војниците тие мора да бидат далеку поевтини – Sandia Hand би можела да биде решението. Како што се гледа од видеото Sandia Hand не е само способна да фаќа било што – таа зема штрафцигери и други алатки за чие користење е потребен висок степен на прецизност.

- Реклама -