Сопственикот на Сандерленд, Кирил Луис-Драјфус, лично го убедил Гранит Џака да се приклучи на англискиот клуб од Баер, пренесува „Блик“.
Триесет и двагодишниот фудбалер ќе остварува неделна плата од 75 илјади фунти, а воедно ќе ја преземе капитенската улога во тимот.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, Сандерленд ќе инвестира 20 милиони евра за Џака, и покрај противењето на главниот тренер на Баер, Ерик тен Хаг, кој не е наклонет на заминувањето на играчот.
За време на сезоната 2024/25, Џака учествуваше во 49 натпревари, реализирајќи два гола и седум асистенции.




