По Челзи, Баерн Минхен, ПСЖ, Сити, па и Јувентус, нов на листата на чекање за Чилеанската бомба е Реал Мадрид.
Шпанскиот весник „Дон балон“ вели дека Перез го сака Санчез уште веднаш во своите редови. Подготвен е да издвои сума од 30 милиони евра, уште во јануари.
Причината е јасна, катастрофаната игра на напаѓачите на Реал. Изгубениот Кристијано Роналдо, падот на формата на Бензема, како и константните повреди на Герет Бејл.
Дали на Барса ќе и’ се случи нов Фиго? Одговорот е во рацете на Алексис.