Кошаркарите на Сан Антонио поведоа со 1:0 во финалната серија од НБА финалето на Западот против Оклахома Сити, по триумфот од 101:98.
Спарси на тој начин ја продолжија низата без пораз во годинашниов плеј-оф, а најзаслужен за победата изминатава ноќ беше Ману Џинобили, кој натпреварот го заврши со 26 поени, додека во противничкиот табор се истакна Кевин Дурант со 27 поени. Во победничкиот тим Тони Паркер постигна 18 поени, додека Тим Данкан заврши со 16 поени.
Иако Оклахома на почетокот од последната четвртина имаше предност од девет поени, сепак со одлична игра на домашните во последните десет минути, реализирајќи предност од 12 поени, стигнаа до триумфот. Серијата продолжува во вторник, додека престојнава ноќ на Флорида стартува финалето на Истокот меѓу Мајами и Бостон.
Објавено во соработка со Екипа.