Samsung се откажува од Android, планира сопствена платформа

Samsung планира да развие сопствена мобилен оперативен систем, наречен Tizen и постепено да се откаже од Android. Ова го соопшти претседателот на Samsung Electronics Medial Solution Center Хонг Вон-Пио за весникот “Кореја тајмс”.

Слично на Android, платформата Tizen може да биде универзален екосистем, која ќе ги поврза сите производи на Samsung во посебна категорија, вели Вон-Пио.

Преку создавање на сопствена платформа Samsung се надева да ја намали зависноста од Google и Android платформата, на која во моментов работат сите смартфони и таблети на јужнокорејската корпорација.

Ве потсетуваме дека прототипот на паметен телефон базиран на оперативниот систем Tizen беше прикажан пред една година на Светскиот мобилен конгрес. Се очекуваше дека слични апарати ќе се појават на пазарот во јули 2013 година, но оттогаш роковите беа продолжени.

Во февруари оваа година стана познато дека со Tizen ќе бидат обезбедени втората генерација паметни часовници Samsung Gear 2.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -