Samsung пушта ултра голем таблет

Пазарот на ултраголеми таблети се зголемува и по претставувањето на гигантскиот таблет од Alcatel – OneTouch Xess, а на пат да достават сличен се и од Samsung.

12(348)

На интернет протекоа слики кои што ги откриваат сите карактеристики на новиот 18,4-инчен таблет Samsung Galaxy View. Големиот екран е со FHD-резолуција и заситеност од 120 точки по инч. Тој е придвижуван од процесорот на Samsung – Exynos 7580 со фреквенција од 1,6 GHz. Оперативната меморија е 2 GB, а внатрешната – 32 GB, која може да се прошири со карта до 128 GB.

Предната камера е 2,1 мегапикселна со можност да снима во Full HD-формат, со тоа што недостасува задна камера. Батеријата во таблетот е со капацитет од 5 700 mAh што според производителот ќе осигурува до осум и пол часа употреба. Цената на уредот се очекува да биде околу 599 долари.

- Реклама -